Многу е тешко за повеќето луше да се навикнат на идејата дека алкохолот, всушност, може да биде многу корисен за нашето здравје.
Вистина е дека прекумерното конзумирање на алкохол доведува до зависност и до многу лоши телесни и здравствени пореметувњата.
Меѓутоа, нормалната конзумација на алкохолни пијалоци би можела да ни го продолжи животот, вели една од најновите истражувања на оваа тема.
На годишната конференција на Американското здружение за унапредување на знаењето, било претставено токму ова истражување.
Зад овие пронаоѓања стои неврологот Клаудиа Кавас која вели дека пиење на две чаши пиво или вино дневно може да го намали ризикот од прерана смрт.
Таа вели дека кај луѓето кои го практикуваат ова, има подобри резултати дури и од кај оние кои секојдневно вежбаат.
Кавас и нејзиниот тим напорно работеле на докажување на овој заклучок, а податоците ги провериле и на Институтот US Irvine за оштетено помнење и невролошки пореметувања.
Откако нејзиниот тим ги анализирал податоците од студијата, заклучиле дека луѓето кои конзумираат две чаши вино или пиво дневно го намалуваат ризикот од прерана смрт за неверојатни 18%. Додека пак за луѓето кои секојдневно вежбаат тој процент изнесува 11%.
Верувале или не, според ова истражување, кардиоваскуларните болести се намалуваат за 25-30% со пиење алкохол.
Меѓутоа, секогаш бидете свесни дека морате да пиете со полна одговорност. Никогаш немојте да возите додека пиете!