Aлapмaнто во општина Долнени: Цело Лажани под вода, се евакyиpaaт жители, повеќе села се без cтpyja

По поројните дождови денеска водата има навлезено и во куќите и според последните информации добиени од градоначалникот на Долнени поради поплавени на подрумски простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на Лажани со помош на трактори соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени.

-Во општина Долнени поплавени се неколку села – Лажани, Дебреште и Житоше, а најкритично е во Лажани каде поголем дел од селото е под вода. – соопшти ЦУК.

За состојбата со поплавите запознаен е и градоначалникот на општина Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово.

Најновата информација пак од ЦУК вечерва е дека водата во поплавените населени места се повлекува.

-Поголем дел од општина Долнени се без електрична енергија, но не поради дефект туку превентивно е исклучена струјата да заштитат луѓето и мрежата. Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од ТППЕ Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во с. Лажани. До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани – велат од ЦУК.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.