Aлен Исламовиќ: “Се радувам многу на овој фестивал затоа што сум за прв пат овде“

DSC_0004

Спектакуларниот почеток на 15-тото јубилејно издание на Фестивалот на пивото – Прилеп 2017, уште еднаш ги подигна повисоко стандардите на овој реномиран настан потврдувајќи ја беспрекорната организација и одличниот избор на атрактивни артисти. Фестивалот го отвори „Aj Kjу“, забавата потоа продолжи со култната група „Психомодо Поп“ и „Амадеус бенд“.

DSC_0016

„Многу сме возбудени, атмосверата беше прекрасна, одлична бина, озвучување, многу пиво и скара и се е супер“, посочија после настапот „Aj Kjу“.

Со веење на македонското знаме, пеење на голем број македонски песни,  со стари и нови хитови, незаменливите  „Амадеус  бенд“  ја затворија првата фестивалска вечер.

DSC_0011

„Во Прилеп имаме гостувано многу пати, но на Пиво фест сме прв пат. Слушнавме дека ова е одличен фестивал и ветуваме многу добра журка и многу пиво“, кажа „Амадеус Бенд“.

Градоначалникот Марјан Ристески на денешната прес конференција, не го криеше своето задоволство за првата фестивалска вечер.

DSC_0008

„Имавме прекрасна вечер, се надевам дека сите се забавуваа, една прекрасна атмосвера, многу позитивна енергија и оваа втора вечер продолжува забавата со големите музички имиња како што се: Don Minott & Conquering Lion, Нокаут и Ален Исламовиќ, кој денеска е присутен со нас“.

„Мило ми е што сум денеска овде. Вечерва ќе ги свириме сите оние најубави песни што ги имам пеано, се разбира зедно со Вас. Се радувам многу на овој фестивал затоа што сум за прв пат овде“, посочи Ален Исламовиќ.

DSC_0014

Шармантната и сексипилна водителка Марјана, ја најави новата наградна игра односно изборот на најдобра селфи фотографија, а наградените ќе имаат можност да се дружат со своите омилени пејачи во бекстејџот и да добијат една голема маскота мајмун. Заинтересираните треба да ги испраќаат своите фотографии во инбокс на Фејсбук страницата Pivofestival.mk.

DSC_0021

Се очекува втората вечер од овој фестивал да донесе уште поголемо присуство на гости, а потврдата за тоа се многуте млади кампери кои веќе се стационирани и ги уживаат сите бенефити на бесплатното кампинг сместување на  Могилата.

DSC_0020




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.