Александер „Велики“ Волкановски ја одбрани својата титула во перо категорија на УФЦ 266
Волкановски изминатата вечер во октагонот се бореше против Брајан Ортега, а победата ја однесе на поени (49-46,50-45, 50-44).
32-годишниот Австралиец со македонско потекло, кој често го гледаме и со македонското знаме, имаше посилен старт во првите две рунди во „Т-Мобиле арената“. Тој успеа да избегне неколку блиски обиди на противникот и да ја однесе победата.
Волкановски дури во еден момент беше соборен, но успеа да се исправи и да му нанесе силни удари на Ортега, кој пак мораше да добие долга пауза за медицинска помош пред почетокот на четвртата рунда.
El campeón con un momento importante #UFC266 pic.twitter.com/VohUJ7MKCX
— UFC Español (@UFCEspanol) September 26, 2021