Иако медиумите пишуваа дека е блиску до договор со Реал Мадрид, италијанскиот стратег во последен момент се премисли и останува во Сериа А.
Како што објави новинарот Ди Марцио Алегри постигнал договор за враќање на кормилото во Јувентус.
Според неофицијални информации се работи за тригодиштен договор со вредност од 9 милиони евра по сезона.
Се очекува официјална потврда од “старата дама”.
Инаку Алегри го водеше Јувентус од 2014-2019 со кој 5 пати ја освојуваше Сериа А, четири пати го освои Купот на Италија и два пати Супер купот.
Јувентус го предводеше во две финалиња во Лигата на шампиони, но за жал двете ги загуби.