Aлбанскиот претседател Илир Мета денеска “летал орли” во Битола (ФОТО)

“Многу искрена средба со Албанците од Меџитлија (Битола), најоддалеченото село што се граничи со Грција. Го делиме уверувањето дека за нив доаѓаат подобри времиња, со новите изгледи за членство на Македонија во НАТО и започнување преговори со ЕУ следната година. Благодарност до сите оние кои останаа во тешки времиња како Албанци и гордо го задржаа националниот јазик, чија азбука беше основана во Битола за да ги обедини Албанците насекадe”, напишал албанскиот претседател Илир Мета во неговата објава на Фејсбук.

Мета денеска бил во посета на битолското село Меџитлија и Преспанскиот регион.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.