Тутунарите го доживеаа најкатастрофалниот откуп на нивното производство досега. Од ниските откупни цени се разочарани сите, и Македонци, и Албанци, Турци…. Денеска министерот Аријанит Хоџа беше во Прилеп и го впери прстот кон тутунарите. Тој истакна дека за ситуацијата со вишокот тyтyн виновни се тутунарите кои протестираа.
Ако се следат Фејсбук страните и групите на тутунопроизводителите, ќе се забележи дека незадоволството е огромно. Еден коментар на социјалните мрежи денеска го привлече вниманието на медиумите.
– Еден апел до сите тутунари од мене како Албанец до сите македонски тутунари. На локалните избори сите да гласате за ВМРО, оти овие не донесоа на питачки стап. Да и се одмаздиме на оваа банда, заедно со министерот Арјанит Хоџа, кој 10 години ми беше сопартиец. Да се вртиме таму кај што бевме кога беше ВМРО на власт, напиша Фатмир Идризи.