Aктивно се доуредува просторот и се гради во индустриската зона “Прилеп 1” (ФОТО+ВИДЕО)

_MG_7084

Градоначалникот Марјан Ристески заедно со претставници од Локалната самоуправа, ја посетија индустриската зона „Прилеп 1“ каде  се гради на големо, а локалната самоуправа веќе инфраструктурно го доуредува овој простор.

_MG_7101

_MG_7114

„Денес сме во посета на ИЗ „Прилеп 1“ и понатаму локалната самоуправа продолжува да  работи на инфраструктурните проекти да ја зокружи оваа зона. Редовно правиме посета на месец, месец и пол да видиме што треба да се сработи во договор со сите овие инвеститори што купија земјиште и веќе градат или веќе ги привршуваат изградените објекти во оваа зона“ кажа градоначалникот Ристески.

_MG_7133

_MG_7135

_MG_7159

Во оваа зона ќе има 15 објекти во кои ќе бидат вработени околу 1.500 до 2.000 лица. Локалната самоуправа  овде има инвестирано милион евра од Буџетот  и донацијата од Светска банка во висина од 125 илјади евра. Во моментов изграден е поголем дел од инфраструктурата во индустриската зона „Прилеп 1“.

_MG_7176

_MG_7194

_MG_7196

Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека оваа зона ќе биде една од најубавите зони, а сите останати кои ќе се изградат по неа ќе треба да го следат нејзиниот пример.

_MG_7206

_MG_7212




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.