Aктивисти од Тетово фрлaa со паpи кон претседателот на регулаторна комисија (Видео)

Синоќа на телевизија Клан Македонија имаше дебата за зголемување на електричната енергија.

Меѓу гостите беше и претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, членот на Иницијативниот совет за протестите против зголемувањето на цената на електричната енергија, Кренар Османи и професорот Илјаз Илјази, пренесува Albanews24.

Додека претседателот на РКЕ, Бислимоски, одеше кон неговиот автомобил, група граѓани организираа мирна акција, во знак на револт против поскапувањето на струјата. Тие фрлија куп пари на скалите каде се наоѓа телевизијата Клан Македонија.

Целта на акцијата беше да им укажат на РКE и на енергетските компании кога ќе се наситат од изнудата што им се прави на граѓаните во време на пандемија.

Инаку, за време на емисијата, Кренар Османи од Иницијативниот совет за протестите, на Бислимоски му подари бубрези и две литри крв, во знак на револт од граѓаните за поскапувањето на струјата, потенцирајќи дека народот нема пари, тоа им е се што им остана за давање.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.