Aко сте биле во Охрид, а не сте се возеле со кајче по изворите кај Св. Наум, сте направиле животна грешка: Фото галерија која одзема здив!

Едно од најмистичните и воедно најубавите места се изворите во Св.Наум. Кој не бил на тивка прошетка со кајче низ траткиот тек на Црн Дрим од ресторанот до изворите пропуштил ретка можност да ја слушне тишината и мирот. Познато е дека на овој дел се најголемите извори кои го хранат Охридско езеро со вода од блиското и повисокото за стотина метри Преспанско езеро.

Убавината на изворите е во кристалната студена вода, во проѕирноста и одблесокот… Преубавата природа просто морала уште еднаш да се појави – и горе и долу – за да ве обземе од сите страни…

Изворот е Острово кај манастирот Св. Наум, во јужното крајбрежје на Охридското Езеро е најголем карсен извор во Македонија. Овде на површина од 0,342 км2 се јавуваат повеќе од 15 извори со вкупен капацитет од 11,0 м3/с.

Најголема длабочина од 3,5 м се јавува на местото каде тесниот коритест дел минува во северниот проширен дел. Дното на северниот, проширен дел, е налегнато кон југозапад. Овде на одделни делови е со длабочина од 3м, додека во делот североисточно од островчињата длабочината достигнува до 1,5 м. Во јужниот, тесен дел, како и кај округлиот дел на заезерената вода, долж западниот варовнички дел се јавуваат извори на ниво на врутокот.

Уживајте во фотогалеријата која ја подготвивме за вас:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.