Aко се лажи нек се лажи? Битиќи вети автопат Прилеп-Битола за 18 месеци

Во работна посета на Прилеп денеска престојуваа заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

За една и пол година ќе се изгради автопат Прилеп-Битола по нови, европски стандарди, најави заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во прилепската локална самоуправа имаат средба со стопанствениците од регионалните комори на Прилеп и Битола кои бараат современа инфраструктура во Регионот, услов за економски развој.

Битиќи и Бочварски нагласија дека на стопанствениците им ги претставуваат сите владини развојни и инвестициски планови за овој значаен економски регион во земјава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.