Полицијата има прилично зафатен работен ден на 1 јануари. Но ако мислите дека само пишуваат казни и растураат забави, има полицајци кои прават и добри дела.
Денеска полициски службеници спасија 67-годишна жена од водите на Вардар.
-Денеска во 10.16 часот, веднаш по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во р.Вардар, во близина на хотел во Скопје, полициски службеници од интервентната полиција влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош, велат од полицијата.
Потоа 67- годишната жена е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди.