Aко денот по утрото се познава, ќе биде незаборавен за македонскиот фудбал: Македонските надежи го растурија Казахстан на гости

Фудбалерите на селекторот Благоја Милевски блескаа на гости против Казахстан

Македонија до 21 година славеше победа со 4:1 против Казахстан во натпревар од квалификациите за Европското првенство!

Дарко Чурлинов постигна два гола за Македонија, Јани Атанасов и Димитар Митровски, исто така погодија во мрежата на Казахстан.

Младите фудбалери се наоѓаат на второто место во групата 6, а до крајот на квалификациите нашите момци ќе одиграат уште 3 натпревари.

Во рангирањето на второпласирани репрезентации Македонија е на осмата позиција и заостанува со 2 бода од Германија, која се наоѓа на петтата позиција, место кое води во бараж.

Наредниот натпревар нашите надежи го играат на 13 октомври на домашен терен против Израел.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.