Aкадемијата за бесплатни обуки на млади талентирани луѓе во техничките науки на компанијата “Микросам” одбележа 10 години постоење

IMG_5985

Компанијата за “Mикросам” во Институтот за роботика во Прилеп, на одличен начин го одбележа 10-годишното постоење на Академијата за бесплатни обуки на млади талентирани луѓе во техничките науки.

Говорејќи за значењето на Академијата за дообуки на младите луѓе, претседателот на прилепската компанија „Микросам“, Благоја Самакоски, нагласи дека Академијата е дел од концептот на компанијата  за промена на пристапот за работа, образование, размислување како императив за постигнување на заедничката цел.

IMG_6001

– „Микросам“ преку две децении го има искуството и реномето во светот како компанија за високо-технолошки роботизирани машини за повеќе индустрии. Работата со Академијата покажа дека имаме талентирани млади луѓе во техничките науки. Оттука дел својот работен пат го најдоа во компанијата, други се во странски компани. Со нашиот пристап кон стекнување нови сознанија и работа ја поститгнуваме целта за подигнување на нивото на техничко-технолошки развој на Република Македонија, рече Самакоски.

IMG_6055

Во десет години Академијата организирала бесплатни дообуки за повеќе од 200 возрасни и над 300 талентирани средношколци. Според Самакоски време е да се помине од неформално во формално образование.

 

19510588_10154771869161699_3959949952446337068_n

Инаку мисијата на Микросам–Академијата е да го поттикнува ителектуалниот и личниот развој на талентираните млади луѓе, преку понатамошно образование и дообука. Преку нивната помош за развој на способностите за планирање и стратегиите кои им се неопходни за успех во областа на техничките науки, ќе се креира високо конкурентна работна сила на глобалниот пазар на труд.

Микросам–Академијата верува дека сите талентирани млади луѓе би требало да добијат опсежно образование, кое би требало да вклучува заеднички искуства на учење во областа на техничките науки. Така создадените можности, ќе овозможат истражување на областите од личен и професионален интерест.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.