„Дела, а не само зборови“, “Министре и ние имаме деца за гледање” – Вакви пораки упатија административците и помошниот персонал во здравствениот сектор на денешниот протест до министерот Филипче.
Лути, протестираа оти, здравствените власти ги изоставија од последниот бран на покачување на платите на лекарите и медицинските сестри најавен за од февруари наредната година.
Црвена линија повлекуваат на 10 % раст на платите. А освен тужби, најавија и претставки, за оценка на уставноста на договорите.
Тие бараат од Синдикатите да не го потпишуваат колективниот договор, а со тоа нема да има поголеми плати за лекарите и медицинските сестри. Од Синдикатот на Клинички, од каде го поддржаа протестот, велат дека се ставени „во небрано“.