AСАНЖ за масакрот на Менхетен: “Да не ги обучуваше ЦИА терористите, ова немаше да се случи”

Oсновачот на Викиликс Џулијан Асанж упати критики кон ЦИА, после терористичкиот напад во Њујорк, велејќи дека доколку ЦИА не ги наоружувала терористите, ова немаше да се случува.

“Да трошеше ЦИА повеќе време во истражување на терористите, наместо во обучување и наоружување, можеби не би имало напади во Њујорк”, напиша Асанж на Твитер.

Осомничениот за нападот на Менхетен во кој загинаа 8 лица е Узбекистанецот Сајфуло Саипов, пренесуваат американските медиуми.

Американските власти пренесоа дека нападот го сметаат за терористички чин.

Тој има 29 години  и дошол во САД во 2010 година, пренесува Си-Ен-Ен.

Осомничениот имал возачка дозвола издадена во градот Тампа на Флорида, но истражителите ја испитуваат можноста дека живеел во Њу Џерси, пренесува АП.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.