Отворени се неколку работни места за вработување со високо образование во компанијата “Комфи Ангел” и “Микросам” во Прилеп.
Доколку сакате да работите во динамична средина во која секогаш се отварени вратите за младите амбициозни и квалитетни кадри, Ве повикуваме да аплицирате на огласот за
Административен асистент во продажба
Потребни квалификации:
• Високо образование;
• Работно искуство во продажба, маркетинг;
• Напредно познавање на MS OFFICE пакетот;
• Одлично познавање на англиски јазик;
• Познавање на втор светски јазик ќе се смета за предност.
Опис на работно место:
• Асистирање во процесот на планирање и организирање на продажбата и маркетингот;
• Анализа на сработените програми за продажба врз основа на планираната продажба;
• Истражување на пазарот, условите за продажба и конкуренцијата на пазарот;
• Контактирање со клиенти и унапредување на продажбата;
• Анализа на одредени производи и споредба на цени.
Потребни вештини и способности:
• Тимски ориентирана личност со желба за напредување;
• Одлични комуникациски, преговарачки и договорачки способности;
• Енергичност, ентузијазам, аналитичност, проактивност и системско работење;
• Спосoбност за развивање и одржување на деловни односи и комуникација.
Работно време од 08 до 16 часот од понеделник до петок,
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, пратетe Ваша биографија со писмо за намери на [email protected]