Американскиот магазин “GQ” ја стави Библијата помеѓу “преценети дела кои не мора да бидат прочитани”.
Редакцијата на магазинот додатно нагласила дека “Некои од големите книги се расистички, а некои сексистички, но поголемиот број од нив едноставно се здодевни, многу здодевни”.
Во проценката кои книги не море да се прочитаат покрај Библијата се нашле уште и “Господар на прстените” од Џон Толкин, “Старецот и морето” и “Збогум оружје” од Енест Хемингвеј и “Доживувањата на Хаклбери Фин” од Марк Твен.
Во објаснувањето на Библијата од магазинот го ставиле и коментарот на американскиот писател Џеси Бол, кој гласи:
“За Светото Писмо не може да се каже дека тоа е најубавата работа која ја направил човекот. Библијата содржи повторувања, противречности и поуки кои се глупави, а понекогаш злонамерни”.
Бол им предложил на Американците наместо Библијата да го прочитаат романот од унгарскиот автор Агот Кристоф “Дебела свеска” во кој се зборува за животот на двајца браќа за време на Првата светска војна.
Ставањето на Библијата на ваква листа наишло и на остри критики од американсаката јавност.