Kулминираше забавата на фестивалската сцена во Прилеп. Јубилејното 15-то издание на фестивалот на скарата и пивото “Пиво Фест 2017” се ближи кон својот крај, но она што ќе остане како вечно сеќавање е синоќешната страшна атмосфера која владееше во градот под “Марковите Кули”.
Она што се случуваше синоќа е одлика на голем спектакл и доказ дека фестивалот во Прилеп е најголемото и најмасовното случување во државата.
На фестивалската сцена настапија Елена Велевска, Анабела и Харис Џиновиќ, а присутните гости имаа што да видат.
После настапот на домашната фолк ѕвезда, на сцената во екстра летно, жешко издание застана балканската дива Анабела. Со двете танчерки кои ја придружуваа, Анабела ja “запали” сцената.
Во продолжение уживајте во галеријата која ја приготвивме за вас:
А/Г/