Европскиот и македонски ракометен првак Вардар е близу до договор со аргентинскиот репрезентативец Пабло Симонет, пишува шпански „handball100x100“.
Вардарци се во потрага по среден бек, а еден од опциите е Симонет. Пред извесен период тој потпиша за Сиудад Енкантада, но Аргентинецот сака да игра во европските купови. Наводно, тој немал ништо против на трансфер во Македонија поради настапите на Вардар во Лигата на шампионите.
28-годишникот е долгогодишен репрезентативец на Аргентина, а е брат на Диего Симонет кој настапува за француски Монпелје. Претходно, Симонет настапуваше и за шпански Бенидорм и има ракометно искуство во Европа.
„Новиот Вардар“ на Михајло Михајловски е во потрага на главен среден бек кој ќе биде носител на играта. Досега, во тимот се само два средни бека, но релативно млади македонски ракометари – Мартин Карапалевски и Марко Мишевски. Македонскиот првак покрај што бара среден бек, има потреба и од засилувања на десната бековска позиција.