Не престануваат да пристигнуваат фотографии до нашата редакција. Прилепчани од сите страни на градот се револтирани од работењето на општинските власти и запоставеноста на хигиената во градот.
Најновите фотографии се од скејт паркот кој се чини одамна не видел метла.
Паркот кој беше направен пред спортската сала “Македонија”, место од каде сегашниот градоначалник Илија Јованоски најавуваше затворен базен и нова спортска инфраструктура, сега тоне во смет.
Ваква слика е редовна појава и во други делови од градот, а запоставени се и маалските паркови.