Оваа година доделувањето на третоноемвриските награди по повод “Денот на ослободувањето на Прилеп”, претрпи големи измени. Централната манифестација наместо во Домот за култура “Марко Цепенков” за прв пат се одржа во општинската зграда пред одбрани луѓе, гламур и богат коктел на кој според фотографиите имало и многу алкохол.
Манифестацијата во изминатите денови ја проследи и една контроверзија. Имено, од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека конкурсот за номинирање на добитници на награди бил завршен уште во средината на октомври, а со доаѓањето на новата локална власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски, завршениот конкурс бил продолжен, па номинации се вршеле до втори ноември, само ден пред одржувањето на самото доделување.