Денеска, околу 14:00 часот, по подолго време, одновно избувна пожар на градската депонија кај „Алинци“.
Според општинските власти, веднаш по добиената информација, на терен излегле екипи на ТППЕ – Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипите на ЈКП „Комуналец“ и „Водовод и канализација“, со механизација и работна сила, заедно со општествено одговорни компании кои се вклучиле во гаснењето и локализирањето на пожарот.
Од општина Прилеп велат дека пожарот во моментов е ставен под контрола, а екипите и понатаму ќе продолжат со активности за негово целосно гаснење и спречување на евентуално ширење на огнот.
Заради безбедно функционирање на сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола, вечерва ќе биде зголемена контролата и присуството на сообраќајната полиција.


























