Алексис Санчез прифатил казна затвор од 16 месеци затвор за затајување на данок од 1 милион евра, после две пресуди на шпанскиот суд, за периодот додека настапувал за Барселона.
Меѓутоа, тој нема да служи казна во Шпанија, бидејќи се договорил со обвинителите дека ќе прифати две казни од по 8 месеци затвор, но условно, ако во наредните две години не направи прекршок од овој тип.
Овој случај е последен во низата обвинувања за фудбалските ѕвезди во Шпанија за затајување на данок. Пред Санчез со условни казни се соочија и Роналдо, Меси и Жозе Мурињо.