“Освежување поради изборот на песни. Браво! Некако се ми легна и ми беше одлично, рече Сергеј Четковиќ за настапот на малата Александра Трајческа од Прилеп на синоќешното издание на “Пинкови ѕвездички”.
Aлександра Трајческа е 12-годишна натпреварувачка од ПРилеп која синоќа прво се претстави со песната “Чекала сам” од Јадранка Стојаковиќ, а за време на изведувањето на песната ги доби сите 5 гласови на жирито.
Како втора песна Александра ја одбра “Чалгиска” од Каролина Гочева и ги потврди своите 5 гласови.
А.Г.