Аслани зад решетки завршил кога полицијата го фатила со 21 килограм кокаин и полуавтоматско оружје во автомобилот.
Тристен Аслани (29), член на албанската банда, служи 42 години казна во британскиот затвор поради дрога и оружје што воопшто не му паѓа тешко.
Тој дури внесол во затворот и мобилен телефон, отворил профил на Инстаграм, па објавува фотографии од својата ќелија. На една од нив напишал дека има се’ и дека единствено му недостасуваат проститутки.
“Не му е гајле, изгледа навистина среќно во затворот”, рекла Амен и додала дека треба да биде префрлен во албански затвор, затоа што таму не би му било толку убаво.
Портпаролот на затворот вели дека такво однесување е неприфатливо и додал дека треба да се отстранат содржините од социјалните мрежи, пишува “Evening Standard”.
“Високи казни ги чекаат оние кои ќе ги прекршат затворските правила. Вклучувајќи и додатно време зад решетки”, рекол тој и додал дека активно се обидуваат да ја спречат злоупотребата на мобилните телефони во затворот, во што вложуваат дури 2 милиони фунти во блокирање на сигналот во затворот.