Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува зacилени акциски контpoли за caнкциониpaње на возачите што управуваат возило под дejcтво на алкoxoл, како и за caнкциониpaње на возачите кои yпpaвyваат возила со поголема брзина од дозволената, а во текот на вчерашниот ден (26.06) caнкциониpaни се 192 возачи за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, како и 490 возачи за пребрзо возење, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Свети Николе.
„Најмногу санкции за управување под дејство на алкохол се изречени на територија на СВР Куманово-63, а за возење со поголема брзина од дозволената на територија на СВР Штип-77. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е и бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Им благодариме на најголемиот процент учесници во сообраќајот, кои возат според прописите и заеднички придонесуваат за поголема безбедност. Апелираме до граѓаните, особено сега кога се укинаа мерките поврзани со ковид 19, а сме и во период кога се организираат матурски прослави и други веселби, да не седнуваат зад воланот доколку консумирале алкохол, затоа што тоа може да биде кобно за нив, но и за другите учесници во сообраќајот. Да бидеме внимателни и поради високите температури со кои се соочуваме деновиве“, рече Ангеловски.
Засилените акциски контроли, според Ангеловски, се насочени пред се кон санкционирање на прекршоците што, според анализите на МВР, се најчести причини за тешки сообраќајни незгоди, како што е возењето со поголема брзина од дозволената, возењето под дејство на алкохол и сл.