Aктерката Арна Шијак која синоќа беше повредена од полицијата говори за бруталноста: “Повредите ќе ги санирам и пак ќе бидам со вас” (ВИДЕО)

Актерката Арна Шијак синоќа била повредена од шок бомбите кои полицијата ги испукала кон луѓето што протестираа пред македонското Собрание.

Таа во интервју директно од болница вели дека во моментот кога шок бомбата експлодирала пред нејзините нозе била во “Жена парк” и дека искинатата облека и повредите на нејзините нозе се доказ за употребената прекумерна сила од полицијата.

Актерката во интервјуто за “СУМ Македонија” вели дека ќе ги санира повредите и ќе се врати повторно со народот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.