Весникот “Шампион” пред два дена на насловната страна ги имаше младите играорци од македонското културно уметничко друштво “Илинден” од западен Сиднеј.
Еден од насловите на весникот гласеше – “Горди на идентитетот”. Весникот фасциниран од младите играорци кои од Сиднеј отпатуваа на македонскиот фестивал на храната, за да се претстават со својот фолклор и култура.
Културно уметничкото друштво “Илинден” oд Западен Сиднеј постои само неколку години и за кратко време забележува огромни успеси посебно кај најмладите Македонци – пренесува “Шило Магазин”.