Oсновачот на Викиликс Џулијан Асанж упати критики кон ЦИА, после терористичкиот напад во Њујорк, велејќи дека доколку ЦИА не ги наоружувала терористите, ова немаше да се случува.
“Да трошеше ЦИА повеќе време во истражување на терористите, наместо во обучување и наоружување, можеби не би имало напади во Њујорк”, напиша Асанж на Твитер.
Осомничениот за нападот на Менхетен во кој загинаа 8 лица е Узбекистанецот Сајфуло Саипов, пренесуваат американските медиуми.
Американските власти пренесоа дека нападот го сметаат за терористички чин.
Тој има 29 години и дошол во САД во 2010 година, пренесува Си-Ен-Ен.
Осомничениот имал возачка дозвола издадена во градот Тампа на Флорида, но истражителите ја испитуваат можноста дека живеел во Њу Џерси, пренесува АП.
If the CIA spent more time investigating terrorists and less time training and arming them we might not have had today's truck attack in New York.
— Julian Assange ⌛ (@JulianAssange) October 31, 2017
А/Г/