Министерството за економија вчера го објави Јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата во 2018-та година.
Според наведеното, граѓаните може да добијат субвенции до 50% од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство.
Право на аплицирање имаат оние кои ќе купат и вградат прозорци по денот на објавување на огласот до 31 август годинава.
Деталите за условите и начинот на поднеување на барањето може да ги најдете во ОГЛАСОТ на веб страната на Министерството за економија.
Оваа мерка е донесена од претходната Влада и успешно се спроведува изминатите години.
Ланската година до Министерството пристигнати беа 723 барања, а во буџетот на државата беа предвидени 20 милиони денари за оваа намена.