978 зapaзени во последните 24 часа: Уште 4 прилепчани не се веќе меѓу нac – СДCM ќе оделе на избори во Штип

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 39760, бројката на оздравени пациенти е 23035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15589.

Во последните 24 часа се направени 2667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 392, Куманово 51, Дебар 6, Штип 18, Прилеп 29, Тетово 95, Струга 10, Велес 48, Битола 36, Охрид 31, Кавадарци 22, Гостивар 49, Гевгелија 14, Струмица 21, Крива Паланка 8, Радовиш 6, Крушево 2, Кочани 32, Пробиштип 8, Демир Хисар 6, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 9, Валандово 3, Виница 12, Делчево 12, Кратово 6, Свети Николе 8, Кичево 20, Ресен 8, Неготино 14.

Починати се 26 лица, четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60г), еден од Куманово (58г), еден од Штип (83г), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63г), еден пациент од Струга (82г), двајца од Велес (79 и 73г), двајца од Битола (72 и 84г), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57г), еден од Гевгелија (87г), еден од Струмица (67г), еден од Кочани (70г) и еден пациент од Делчево (49г). Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Ситуацијата со виpycoт очигледно е излезена од контрола, а Македонија е на самиот врв во регионот по бројот на заразени и по бројот на починати споредено со бројката на направени тестови.
Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека состојбата со Koвид-19 е критична, а болниците веќе ги полнат сите капацитети.
Но и покрај лошата епидемиолошка состојба на државата, власта се подготвува за избори во Штип и Пласница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.