Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање (ЈП за ПУП) под чија надлежност е јавниот градски превоз во Прилеп, потпиша договор за набавка на 4 нископодни автобуси на матан во вредност од безмалку 1 милион евра.
Договорот за набавка е склучен минатиот месец, а тендерот го доби фирма од Скопје.
Точната вредност на договорот е 60.000.168 денари, или 975.612 евра. Фирмата која ќе ја изврши испораката има за обврска за гаранција во траење од 24 месеци, како и да обезбеди резервни делови и обука за користење на втобусите во тој период.
Набавката на овие автобуси беше најавувана уште во октомври минатата година, а повторно на прес конференција беше исткната во март оваа година, кога Јавниот градски превоз во Прилеп почна да се соочува со големи проблеми.
Автобусите редовно доцнат, а превозот на патници се извршува само со 3 автобуси.
Јавниот градски превоз во Прилеп за прв пат започна со работа во 2014 година на општо задоволство на сите граѓани и се одвиваше во 3 линии.
Намерата тогаш беше да се навават дополнителни автобуси за меѓуградски превоз до поголемите населени места, како и електрични автобуси за градски сообраќај.