Женскиот фудбал се враќа во Прилеп – градот ќе има свој прволигаш

Фото/Oldprilep.com

Град Прилеп наскоро се очекува да добие женски фудбалски клуб кој ќе се натпреварува во Првата женска фудбалска лига – oбјави “Гол.мк”.

Најавите велат дека екипата на ЖФК Прилеп в година ќе игра во елитата. Градот под Марковите Кули така ќе добие стабилен прволигашки женски фудбалски центар, каде девојките кои го сакаат фудбалот ќе може да ги покажат своите можности – дознаваат од порталот.

Прилеп е познат фудбалски град, затоа што во минатото има дадено многу машки и женски фудбалски репрезентативки. Вклучувањето на ЖФК Прилеп во првата лига може да биде од голема корист како за градот, така и за женските фудбалски репрезентации во сите конкуренции.

Во минатото претставник од Прилеп во женскиот фудбалски шампионат беше ЖФК Победа, кој важеше за најстар клуб во нашето првенство, но прекина со натпревари во Првата лига во 2014 година – велат од “Гол.мк”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.