94-годишен дедо од Италија повикал полициja на Божиќ за да не биде сам.
Фиоренцо живее во Вергато, близу Болоња и има 94 години. За Божиќ старецот бил осамен, па се јавил во полицијата за да праша дали некој од карабинерите е слободен, за да дојде и наздрави со него.
Според италијанскиот весник “La Repubblica”, во телефонскиот разговор тој рекол:
“Сам сум дома, не ми е ништо, само барам некој да наздравам на Божиќ. Доколку имате слободен некој полицаец да дојде барем 10 минути”.
Двајца полицајци потоа отишле во неговиот дом, а 94-годишниот дедо им раскажал анегдоти од неговиот долг и интересен живот. Полицајците поразговарале со него и наздравиле, а потоа и му овозможиле онлајн да поразговара со некои од неговите роднини.
Наредниот ден полицајците одново пошле во неговиот дом и му ја однеле заедничката фотографија за спомен. Старецот рекол дека бил длабоко трогнат од однесувањето на службениците.