Во рамките од 32-то коло во македонската Прва фудбалска лига, фудбалерите на Победа гостуваа кај Ренова. 9:1 беше крајниот резултат на семафорот, кој зборува само едно, а тоа е дека црвено-белите в година заслужено ќе играат во второто по ранг натпреварување.
За само 45 минути Победа прими 5 гола, а стрелци на погодоците беа Миовски во 9-та минута, Стојаноски во 22-та и 35-та, а веднаш потоа и Рамадани во 38-та и Мустафов во 45-та.
За намалување на срамот на полувреме за Победа се погрижи Ристевски со погодок во 24-та минута.
Во второто полувреме домаќините постигнаа уште 4 погодоци, а новата голеада ја започна Рамадани во 51-та мунута, Стојаноски го комплетираше хет-трикот во 64-та, Усеини во 84-та стрелаше за 8:1, а веднаш потоа одново Стојаноски во 90-та ги постави крајните 9:1.
Ваков пораз веројатно не е запамтен за прилепчани, па сега освен сигурното последно место на табелата, љубителите на фудбалот во Прилеп ги боли и понижувањето на нивниот миленик.