90-годишниот Ставре Топузовски од Крушево му порача на Роналдо: “Сакај ги жените” (ВИДЕО)

Дедо Ставре Топузовски од Крушево, кој е поранешен директор на Музејот на градот Крушево, бил гостин во емисијата “Глобо Репортер”, каде овој петок епизодата ќе биде посветена на Македонија.

Тој преку водителката побара слика од Роналдо и порача дека насекаде ќе се фали и ќе се гордее.

Исто така, тој му порача на Роналдо да ги сака жените и дека и тој цели 90 години ги сака припадничките на понежниот пол.

“Глобо Репортер” е една од најгледаните емисии од ваков тип во светот, а изјавата на Ставре Топузовски од Крушево насмеа многумина на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.