Според протоколот на новата Влада на Република Македонија, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи говор во Крушево за втори август на Илинден.
И самиот Џафери пред медиумите истакна дека за втори август ќе биде присутен во Крушево и ќе има свое обраќање.
Во јавноста оваа информација одекна како бомба и изнуди жестоки реакции.
Медиумите секојдневно пишуваат за тоа и подвлекуваат дека се работи за голема провокација.
Маркукуле направи анкета за тоа дали граѓаните поддржуваат обраќање на Талат Џафери на празнувањето на најголемиот национален и државен празник во Крушево.
Според резултатите 9 од 10 испитаници, кои одговориле на анкетата на нашиот портал, не го поддржуваат тоа, или со “НЕ” одговориле 90%, а со “ДА” само 10%.
Сличен резултат имаше насекаде по социјалните мрежи, каде граѓаните жестоко коментираа и се спротивставуваа на ваквата одлука.