9.000 килoгpaми пипepки oдзeмeни од пpилепско од инcпeкциckитe кoнтpoли на Инcпeктopaтот за земjoделство

Девет илјади килограми пиперки „куртовска капија“ се одземени од нерегистрирани откупувачи при инспекциските контроли на Инспекторатот за земјоделство спроведени во прилепскиот регион.

Од Инспекторатот вчера информираа дека на нерегистрираните откупувачи им се изречени и глоби согласно законските прописи.

Контролите се направени деновиве во соработка со Регионалната управа на Министерството за внатрешни работи од Битола и полициската станица во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.