Клубот за боречки вештини “МАКСАМ ФАЈТ” – Прилеп овој месец слави 9 години од своето постоење. Измина уште една година. Тешка година, исполнета со многу активности, многу вложен труд, време, но на крајот целиот труд се исплатеше.
Клубот беше активен преку целата година, а борците неуморно и на успешен начин го претставуваа градот и државата на домашна и меѓународна сцена.
Неколку настани и успеси на членовите на клубот кои ја одбележаа минатата година:
-Земун Р. Србија, отворен меѓународен ММА натпревар на покана од еден најпопуларните ММА профи борци на балканот-Душан Џакиќ.
-ММА отворениот турнир “Крал Марко” со повеќе од 70 борци. Натпреварувачите од “Maксам Фајт” имаа одличен настап и победи, a zа најдобар борец на турнирот беше прогласен Христијан Граороски
-ММА семинар во Прилеп со Претседателот на БЏЏ Федерација на Р.Мaкедонија – Ивица Алексовски.
-ММА/БЏЏ Семинар во Скопје со инструктор од Англија – Рос Николс.
На 19 јуни веќе следи вториот ММА Отворен турнир во организација на прилепскиот клуб, “Крал Марко 2 “, со уште подобри борци и борби.
Во август пак, во Прилеп доаѓаат двајца инструктори од Црна Гора-Младен Јокмановиќ и Срѓан Бошковиќ. Тие ќе пренесат знаење, искуство, совети, потребни за следните натпревари.
Kлубот зеде учество и на ММА Турнир во Струга “Cage Fight”, каде главна борба на вечерта во тешка категорија беше борбата меѓу Мартин Трајкоски од “Максам Прилеп” и Игор Лазарески Струга. Три одлични рунди во кафезот, по што нашиот борец славеше победа.
Следниот викенд следува семинарот со ММА професионалниот борец Златко Петровски, член на германскиот тим “Кобрас”
На 25 септември клубот беше во Белград, каде настапи на ММА турнирот “Теогенес ММА Опен”. Од 3 натпреварувачи освоени се 2 победи – Христијан Тасески и Давид Шапурич, на кого ова му беше прв настап.
Следниот месец на центарот за боречки вештини “Максам Фајт” дојде еден од најдобрите борци и тренери од “Каизен Академијата”- Марк Лајхнер, кој одржа семинар за ММА борби.
Договорена е и тесна соработка и следни активности на релација Белград-Прилеп.
На 5 Октомври се одржа спортската манифестација “Ноќ на гладијаторите”, ММА турнир во Куманово . Повторно одличен настап на прилепските борци Стефан Сталески, Христијан Тасески и Виктор Нестороски.
На 19 ноември на Меѓународниот турнир во Бразилска Џиу-Џица во Подгорица – Црна Гора, во состав на Македонскиот репрезентативен тим, клубот освои сребрени и бонзени медали.
Следуваше силен меѓународен турнир на 5 декември – ММА ISFA- во Битола -Европско првенство. Стефан Сталески и Давид Шапуриќ освоиа златни медали и беа шампиони во нивните категории, а Христијан Тасески е второпласиран со сребрен медал.
Наредниот ден во Скопје, следуваше Државно првенство во Бразилска Џиу-Џица. Стефан Сталески и Мартин Николов станаа државни прваци во своите категории. Освоени се и неколку сребрени и бронзени медали и во женска конкуренција, каде се истакнаа Милена Крстеска и Лела Јурукова.
На 12 декември во Прилеп дојде инструкторот Роберт Наумоски од Австралија, кој одржа тренинг за членовите на клубот, даде совети и инструкции за следниот период во кој правец и како правилно да се напредува.
За крај на годината клубот зеде учество на големиот семинар за Бразилска Џиу-Џица и ММА во Скопје, со инструкторот Проф. Роберт Наумоски.
“Продолжуваме и оваа година со работа, со тренинзи, со едукација на млади спортисти. Целта е промовирање и развој на спортот, едукација и насочување на младите на еден правилен развој”, истакна тренерот на клубот Пеце.
Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.