80- годишна старица добила 50 милиони долари на лото: “Престара сум јас за ова”

screenshot_3-12-640x407

Лоис Олсен (80) од малото село Ирма од канадската провинција Алберта, претходниот месец заминала да набави намирници од локалната продавница, а таму ја дознала информацијата која го променила животот на целото нејзино семејство , пишува The Guardian.

На брзина проверила од апаратот колку има освоено на лото, а првиот резултат кој го видела бил само 15 долари. Но кога уште еднаш го ставила лото тикетот, добила одговор дека добивката е 500 долари.

“Изгледаше како да се 500 долари, но мислев дека нешто не е во ред со апаратот па ја замолив девојката која работи таму да провери” , рече 80 годишната старица.

-Апаратот е во ред госпоѓо. Но сте освоиле 50 милиони долари а не 500 – и рекла девојката.

“Ги зедов намирниците и истрчав”.

Секако, во село од 450 жители веста многу брзо се проширила. Но сите жители на селото одбивале да им откријат на ТВ екипите каде живее Лоис, за да не го нарушуваат нејзиниот мир.

Но госпоѓа Олсен не е баш пресреќна за добивката :

“За мојата фамилија ова значи многу и многу ќе им помогне. Јас сум престара за ова. Би сакала да ги освоев овие пари пред 20-30 години. Всушност не знам на што ќе ги трошам парите, освен што ќе им помогнам на моите потомци “.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.