На 09.10.2016 во Прилеп спортска сала на ООУ “Добре Јованоски”, се одржа 8-ми Меѓународен Традиционален Турнир во џудо „Прилеп Град Херој 2016“ во организација на Џудо Клубот “СЕИШИН” – Прилеп. На овој турнир учевство зедоа околу 200 натпреварувачи, од 22 џудо клубови, од 6 држави (Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Косово), во категориите пионери и јуниори во машка и женска конкуренција.
Согласно очекувањата на организаторот, односно на клубот “Сеишин” – Прилеп, овој турнир беше најмасовен по број на клубови и држави учеснички досега во градот Прилеп. Организацијата помина безпрекорно почнувајќи од делот на сместувањето на странските гости ден претходно, па се до завршувањето на турнирот. Турнирот го водеше натпреварувачката комисија при Џудо федерацијата на Македонија, а во делот од судиите имаше и меѓународни судии од 3 држави.
Наградниот фонд за натпреварувачите беше богат и за најдобрите имаше дипломи, медали, парфеми и пехари за најдобрите клубови по старосни категории.
Имено најдобар клуб во категорија Пионерки е Феризај-Косово, Пионери -Пролетер -Прилеп, Јуниорки -Миоки Скопје и Јуниори -Работнички -Скопје.
Џудо Клубот СЕИШИН на овој турнир со своите членови освои вкупно 8 медали (3 златни, 1 сребрен, 4 бронзени).
Следат резултати поединечно:
Пионерки:
1.Вероника Белушанец кат. -44 кг. 2-ро место
2. Леона Настоска кат. -44 кг 3-то место
Пионери:
1. Кристијан Тошески кат. -66 кг. 1-во место
2. Орде Трајкоски кат. -73 кг. 3-то место
Јуниорки:
1. Александра Најдоска кат. +78 кг. 1-во место
Јуниори:
1. Марио Цинцароски кат. +100 кг. 1-во место
2. Михаил Конески кат. -81 кг. 3-то место
3. Диме Ивчески кат. -66 кг. 3-то место