8 медаљи за Џудо Клуб Сеишин од Државното првенство за основци

pocetok 1

На 01.04.2016 во Кавадарци спортска сала на ДТВ Партизан се одржа Државно првенство во џудо за основните училишта во машка и женска конкуренција. Првенството беше во оргнизација на Федерацијата на училишен спорт во соработка со Џудо федерацијата на Македонија, при што учество зедоа вкупно 28 основни училишта од Прилеп, Битола, Ресен, Струга, Радовиш, Скопје и Кавадарци  со околу 130 натпреварувачи-ки.

На ова Државно првенство настапија 15 членови на џудо клубот СЕИШИН – Прилеп,  овојпат претставувајќи ги сите основни училишта од Прилеп.

Освоени се вкупно 8 медали (2 златни, 2 сребрени и 4 бронзени).

Резултати:

Женска конкуренција:

  1. Михаела Пешталеска 1-во место (ООУ Кочо Рацин)
  2. Леона Настоска 3-то место (ООУ Добре Јованоски)

Машка конкурнција:

  1. Јован Најдоски 1-во место (ООУ Климент Охридски)
  2. Орде Трајкоски 2-ро место (ООУ Рампо Левката)
  3. Никола Магдески 2-ро место (ООУ Кире Гаврилоски -Јане)
  4. Георгиј Магдески 3-то место (ООУ Кире Гаврилоски -Јане)
  5. Марко Тодорчески 3-то место (ООУ Кире Гаврилоски -Јане)
  6. Кристијан Тошески 3-то место (ООУ Рампо Левката)

Џудо клубот СЕИШИН – Прилеп продолжува со тренажниот процес и припреми за наредните првенства кои следуваат на Меѓународно ниво.

zagrevanje

pocetok




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.