8 години од грозоморното убиство кај Смилковското езеро: Како се манипулираше со родителите на загинатите деца (Видео)

(Фејсбук објава на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски)

“Поминаа 8 години од еден тажен Велики Четврток кој Македонија ја зави во црно. 12 април ќе боли секогаш и ќе нѐ потсетува на грозоморното убиство на нашите сограѓани.

Но ќе нѐ потсетува исто така и на големиот монструм кој си поигра со судбината на семејствата на Филип, Цветанчо, Александар, Кире и Борче.

Заев е поголем монструм од убијците!

Ветуваше дека ќе се дознаела вистината за масакрот кај Смилковско езеро, а денес, после четири години, нема ниту еден осуден.

Лажеше за вмешани функционери од тогашната владт, а денес се правда како не поседува, ниту видел докази за такво нешто.

Се смееше, пиеше вино и си тераше седенки со Хашим Тачи, а еднаш не побара екстрадиција од Косово на убијците во бегство Демири и Дрпљанин.

,,Заев е поголем монструм од убијците” – се зборовите на родителите на жртвите кои ќе продожат да го сечат молкот на власта околу целиот случај.

Нема да има правда и нема да има мир се додека убијците не ја добијат заслужената казна.

Нема да има правда се додека не заминат во политичка историја , политичарите кои за ситни поени ја злоупотребуваа оваа трагедија”.

Да се потсетиме што се случуваше и каков е ставот на родителите на убиените момчиња.

Родителите на жртвите досега неколкупати апелираа до судијата Огнен Ставрев Заев да се најде на листата сведоци, за конечно да се соочат со него и со неговите лаги.

Таткото на Александар, Горан Наќевски, летото побара од Ставрев стражарно да го приведе тогашниот премиер, затоа што како политички противник на ДУИ им изнел конкретни докази за вмешаност на функционери од ДУИ во свирепото убиство. Таткото, го обвини Заев дека откако е склучена коалицијата со ДУИ тој манипулира со доказите кои што можат да доведат до вистината за „Монструм“.

-Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни, рече Наќевски.

Тој продолжи, во име на сите родители:

-Бараме претрес да се изврши во седиштето на СДСМ. Тврдам дека тие транскрипти се таму. Бараме да не соочите со премиерот Заев, дека не лажеме и не измислуваме. Стражарно приведете го, ќе го почекаме!

Во едно од ретките интервјуа, Наќевски за „Алфа“ вели и дека токму поради овој политички пазар, Заев е поголем монструм и од убијците.

-2015 друго ни ветуваше, сега друго прави. Револтирани сме и од Катица Јанева ни ветуваше дека прв случај ќе биде, ама молк и од таму како што гледате. Мислиме дека и таа е политички пазарена со СДСМ и ДУИ, рече Наќевски во октомври 2017.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.