8-ми Меѓународен Традиционален Турнир во џудо „Прилеп Град Херој 2016“

klubovi-pocetok

На 09.10.2016 во Прилеп спортска сала на ООУ “Добре Јованоски”, се одржа 8-ми Меѓународен Традиционален Турнир во џудо  „Прилеп Град Херој 2016“  во организација на Џудо Клубот “СЕИШИН” – Прилеп. На овој турнир учевство зедоа околу 200 натпреварувачи, од 22 џудо клубови, од 6 држави (Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Косово), во категориите пионери и јуниори во машка и женска конкуренција.
borbi
Согласно очекувањата на организаторот, односно на клубот “Сеишин” – Прилеп, овој турнир беше најмасовен по број на клубови и држави учеснички досега во градот Прилеп. Организацијата помина безпрекорно почнувајќи од делот на сместувањето на странските гости ден претходно, па се до завршувањето на турнирот. Турнирот го водеше натпреварувачката комисија при Џудо федерацијата на Македонија, а во делот од судиите имаше и меѓународни судии од 3 држави.
borbi-4
Наградниот фонд за натпреварувачите  беше богат и за најдобрите имаше дипломи, медали, парфеми и пехари за најдобрите клубови по старосни категории.
nagradi
Имено најдобар клуб во категорија Пионерки е Феризај-Косово, Пионери -Пролетер -Прилеп, Јуниорки -Миоки Скопје и Јуниори -Работнички -Скопје.
gradonacalnik-2
 
Џудо Клубот СЕИШИН на овој турнир со своите членови освои вкупно 8 медали (3 златни, 1 сребрен, 4 бронзени).
Следат резултати поединечно:
Пионерки:
1.Вероника Белушанец кат. -44 кг. 2-ро место
2. Леона Настоска кат. -44 кг 3-то место
Пионери:
1. Кристијан Тошески кат. -66 кг. 1-во место 
2. Орде Трајкоски кат. -73 кг. 3-то место
Јуниорки:
1. Александра Најдоска кат. +78 кг. 1-во место
Јуниори:
1. Марио Цинцароски кат. +100 кг. 1-во место
2. Михаил Конески кат. -81 кг. 3-то место
3. Диме Ивчески кат. -66 кг. 3-то место
medali-4
medali-5
pocetok-sudii
medali-2




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.