8 знаци кои говорат дека сте најдобрата мајка на светот

profimedia-0078043961-620x350

Нашите драги мајки – ги бришат нашите солзи, ни изнудуваат насмевки на лицето и ни помагаат да пораснеме во чесни и успешни луѓе.

Во продолжение прочитајте кои особини и навики ве прават најдобра мајка.

1.Со вашите деца сте пријатели, но улогата на мајка секогаш ја ставате на прво место

1

Децата секогаш со вас разговараат за се’ што се случува во нивниот живот и ви се доверуваат.

Знаете да се прилагодите и во вистинскиот момент да ја покажете вашата пријателска страна

2.Знаат дека можат да ви се обратат во секој момент

Иако можеби не се сложувате со тоа што го сакаат или што направиле, ги сослушувате со разбирање, без драма и осудувања, па потоа искрено го кажувате вашето мислење, без притоа да сакате да влијаете на нив.

3.Ги поддржувате нивните соништа, затоа што нивните соништа се и ваши соништа, без оглед на тоа колку истите во одреден момент изгледаат недостижни и далечни

Секогаш ги бодрите и ги потсетувате дека тоа е нивниот сон. Меѓутоа, нема да им давате надеж во амбициите кои не се рални. Ако вашиот син сака да биде фудбалер, но има “две леви нозе”, објаснете му дека има и други нешта во кои може да се докаже и да ги прави.

4.Секогаш внимавате на нив, но не ги “гушите”

Moжете да се поистоветувате со децата затоа што сте биле ви нивни години и знаете колку може сето тоа да биде збунувачко. Поради тоа секогаш “фрлате” око на нив за да бидете сигурни дека се на прав пат, но во тоа не сте пренапорни.

5.Им допуштате да грешат

Вие сакате вашите деца сами да сфатат што најдобро за нив, па им допуштате да направат грешки во животот, сепак не катастрофални

6.Пријателите на вашите деца ве обожаваат

2

Никој не го избегнува доаѓањето во вашиот дом, затоа што сте родител кој знае да биде присутен во вистинска мера, но и “невидлив” кога тоа треба да биде така. Забавни сте и често ви доверуваат некој проблем затоа што ширите “позитивни вибрации”, па децата знаат дека сте доверлива личност.

7.Дури и кога сте лути на децата, никогаш не заборавате да им покажете дека ги сакате

Понекогаш можат да ве “излудат” па е потребно да воведете малку дисциплина, но секогаш јасно им ставате до знаење дека тоа е за нивно добро. Никогаш не ги казнувате непотребно.

8.Никогаш не излегувате од куќата без прегратка

Без оглед на тоа колку вашите деца имаат години, секогаш ве прегрнуваат или ве бакнуваат, затоа што вие сте сепак најдобра мајка на светот и не заслужувате ништо помалку од тоа.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.