78 % НЕ НЕ’ РЕЦКА НИ 2 %

Авторот на колумната е професор по предучилишно образование и воспитување – вработена во 00У,,Блаже Конески,, Прилеп

Во Франција ескалираат демонстрациите против пензиската реформа која беше усвоена минатата недела. Притоа францускиот пензиски систем, во меѓународна споредба, е прилично великодушен.

Застрашувачки приказ на антивладини протести во Израел на жени во темноцрвена облека и бели капи, наведнати глави и споени раце. Тие се облечени како ликови од дистопискиот роман на Маргарет Атвуд „Приказната на слугинката“ и истоимената ТВ серија.

Штрајк на синдикатите во Грција. Катастрофалната железничка несреќа ги извади жители на Атина, Солун и на останатите градови на улица, гневни и незадоволни од државата бидејќи дозволила да се случи големата трагедија во која досега животот го загубија 57 лица.

Околу половина милион луѓе ќе учествуваат во протестот со барање за зголемување на платите во Белика Британија, најголеми демонстрации од 2011 година. Учителите, државните службеници, граничарите и машиновозачите ќе излезат на улиците на британските градови. Владата ја предупреди јавноста дека ќе има значителни нарушувања во сообраќајот.

Ова се актуелни протести во изминатиов период во различни земји! Само во нашево кутро земјиче, нема протести. Се’ е вo ред во Р.Македонија!
Во ред е кога те крадат, колку можат и како можат! Во ред се сите клевети, неоправдани, кутар работник што пристојно не може ни до тоалет да појде. Во ред е кога обичниот човек, мизерува да преживее од плата до плата или пензија! Во ред е кога обичниот смртник, нема пари да си ги земе лекарствата! И тоа е во ред!

Во ред е кога тендерите се поважни, од она што не може и не смее да чека! Во ред е кога се пренаменуваат финасиските средства во било која институција (од шупливо во празно)! Во ред е кога ,,она е наше дете,,! Очите опулени! Во ред е кога на полициските униформи фалат да се прикачат сите јазици на кои се зборува во цел свет! Во ред е кога се испуштаат вработени од фирмите, а нив нема кој да ги заштити!

Во ред е кога те прислушкуваат операторите под наредба на туѓа држава, не само нивното ,,величество,, политичарите, туку и нас обичните смртници! И тоа е во ред! Во ред е кога истополовите бракови треба да станат репер за среќно семејство, уништувајќи го традиционалното вековно македонско семејство!

Во ред е млади ,,жолтоклунци,, да ги предводат фирмите! Во ред е да не се плаќа радиодифузна такса! Во ред е Арачиново да не плаќа електрична енергија! Во ред е кога умираат деца по болниците! Во ред е кога арамија те краде дома, а ти не смееш да дејствуваш! Во ред е кога дрогата станува највносниот бизнис во Македонија! Во ред е што лагата во Македонија е поголема од вистината!

Р.Македонија беспрекорно функционира ! Пофалбата на глупоста ја премина и сатирата и иронијата. Но тие 78 % НЕ НЕ’ РЕЦКА НИ 2 %!!!

Наздравје македонче, ти врзувај крај со крај, а тие што сме ги избрале и се во (ПАРТАЛментот) ќе ти го искубат и последното пердувче и не им е гајле ни 2 %!

Павлина Звездоска




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.