-На 03.11.2025 во 18:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“, ул. „Ѓорѓи Наумов“ и ул. „14“ во Битола, патничко возило „лада“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(77) од Битола, удрило во пешакот И.Ц.(59) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

























