76-те социјални семејства од Прилеп повторно ќе побараат одговор од министерката Ременски

samohrani-majki1-640x371

И покрај добиените решенија за доделување на стан, 76 социјални семејства од Прилеп сеуште чекаат да добијат потпис од министерката Фросина Ременски и да се населат во становите кои им припаѓаат по сите прописи.

Тие во средата веќе еднаш го изразија своето незадоволство и со солзи во очите го осудија ваквото самоволие на министерката.

За понеделник од 12 часот е најавен нов протест на легалните станари, кои повторно ќе побараат одговор од Ременски за времето и датумот кога ќе им бидат предадени клучевите од становите.

Да потсетиме дека во тие луѓе има самохрани мајки со по две деца кои едвај крпат крај со крај и на кои дополнително им го загрозува животот и опстанокот ваквото срамно чекање.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.