74-годишен човек секојдневно поминува километри барајќи донор на бубрег за својата жена.
Вејн Винтерс секојдневно се движи по сообраќајниците во близина на неговиот дом во далечниот запад на Јута, со табла на наего на која пишува “Потребен е бубрег за сопруга”.
На таблата е напишан и телефонскиот број на Вејн како и крвната група на неговата сопруга.
“На мојата сопруга и откажаа бубрезите и оди на дијализа. Таа не го сака тоа. Ужасно е!”, вели тој за локалниот медиум.
Вејн својата сопруга ја запознал пред 26 години, а денес облечен во новоодело, нови чевли и табла на себе, моли за бубрег.
“Чувствувам дека го правам вистинското нешто”, рекол тој.
А/Г/